posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделските задруги на 19.02.2021 година одржа седница на вонредно Изборно Собрание на која беше избрано новото раководство на организацијата. За Претседателка на организацијата беше избрана госпоѓата Сузана Димитриевска од земјоделската задруга Еко Илинден, Мустафино а за Потпретседател беше избран господинот Стојан Лазарев од земјоделската задруга Екопродукт, Конче. На седницата на Собрание присуствуваше и Државниот советник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и претставник од CARE Германија/Луксембург.

Новоизбрани членови на Управниот одбор на ЗМАЗЗ се:

1. Сузана Димитриевска – Претседател

2. Стојан Лазарев – Потпретседател

3. Лазар Боев – член на УО

4. Мукрем Мехмеди – член на УО

5. Петровски Дејан – член на УО

6. Ѓорги Ивановски – член на УО

7. Менде Трајковски – член на УО

8. Драги Памуков – член на УО

9. Љубе Пампулевски – член на УО

Покрај Управниот одбор, на седницата на вонредното Изборно Собрание во организацијата, избран беше и новиот состав на Надзорниот одбор. За членови на Надзорниот одбор на ЗМАЗЗ беа избрани:

1. Моме Младеновски – член на Надзорен одбор

2. Ѓорги Андонов – член на Надзорен одбор

3. Ѓорги Хаџи – Котаров – член на Надзорен одбор

4. Милена Николовска – член на Надзорен одбор

5. Ристо Христов – член на Надзорен одбор

На сите избрани носители на функции им посакуваме многу успех и напорна работа во претстојниот мандат од 4 години!