Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 26.03.2025 година во хотел Гардениа во Велес одржа седница на редовно Изборно Собрание на која беше избрано новото раководство на организацијата. За Претседател на организацијата беше избран господинот Драги Памуков.
Новоизбрани членови на Управниот одбор на ЗМАЗЗ се:
1. Драги Памуков – Претседател на УО
2. Лазар Боев – член на УО
3. Менде Трајковски – член на УО
4. Дејан Петровски-член на УО
5. Ѓорѓи Хаџикотаров– член на УО
6. Љубе Пампулевски – член на УО
7. Бехаре Незири-член на УО
8. Билјана Пеева-член на УО
9. Санела Јовановска-член на УО
Покрај Управниот одбор, на седницата на Изборно Собрание во организацијата, избран беше и новиот состав на Надзорниот одбор. За членови на Надзорниот одбор на ЗМАЗЗ беа избрани:
1. Ѓорѓи Андонов– Претседател на НО
2. Моме Младеновски– член на НО
3. Ристо Христов– член на НО
4. Мите Манев– член на НО
5. Тони Димевски– член на НО
На сите избрани носители на функции им посакуваме многу успех и напорна работа во претстојниот мандат од 4 години!


