Македонската асоцијација на земјоделски задруги ги информира своите членки, дека согласно член 19 од Статутот на МАЗЗ, член 7 од Деловникот за работа на Собранието на МАЗЗ и член 4, став 1 од Правилникот за избор и отповикување на членови на Собранието, Управниот одбор, Надзорниот одбор и Претседателот на МАЗЗ, е закажана седница на Изборно Собрание на МАЗЗ на 26-ти март, 2025 година во хотел Гардениа, Велес.
Органи на МАЗЗ за кои ќе се врши избор на седницата на Изборното Собрание на МАЗЗ се:
-Членови на Управен одбор и Претседател на МАЗЗ;
-Членови на Надзорен одбор на МАЗЗ.