Информација за членките на МАЗЗ

posted in: Новости | 0

Почитувани членки на МАЗЗ, Ве известуваме дека во согласност со мерките за безбедност и заштита на Владата на СРМ, а по повод опасноста од вирусот КОВИД-19, Вонредното Изборно Собрание на Македонската асоцијација на земјоделски задруги кое беше планирано да се одржи на 18.03.2020 година е одложено. Седницата е одложена на НЕОПРЕДЕЛЕНО време, со временски пресек на ревизија на 24.03.2020 год. за одредување на датум за одржување на седницата на Собранието, или одредување на нов датум за ревизија во зависност од развојот на настаните поврзани со горенаведената причина за одложување.