На 06.06.2023 година, во присуство на претставници од Европската Унија и тимот на проектот, во Хотел Континентал во Скопје се одржа првиот состанок на Насочувачкиот комитет на проектот Конкурентни земјоделски задруги. На првиот состанок присустуваа претставници од локалните заедници во регионите што ги опфаќа проектот и претставници од државните институции и агенции од секторот земјоделство.
На состанокот беше воспоставен Насочувачкиот комитет на проектот, а беше избран и претседавачот на Насочувачкиот комитет.
Насочувачкиот комитет ќе има улога да го мониторира и промовира проектот и проектните активности и ќе се состанува квартално, со цел да го следи напредокот на проектот.




