Потпишани договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за земјоделски задруги

posted in: Новости | 0

На 25.11.2019 г. во х. Холидеј Ин во Скопје, потпишани беа 17 договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за 9 постоечки и 8 новоформирани земјоделски задруги. Финансиската поддршка од Европската Унија е за инвестиции во објекти и опрема за преработка, складирање и маркетинг на земјоделски производи со кои се подобруваат капацитетите на земјоделски задруги и конкурентноста на земјоделството. „Вкупниот износ на поддршката од Европската Унија изнесува 891.357 евра, а со вклученото кофинансирање од страна на земјоделските задруги, вкупните инвестиции се скоро 1,3 милиони евра, што е само еден дел од поддршката на Европската Унија за земјоделството.

Погледнете фотографии