Одржана втора седница на редовно Годишно Собрание на МАЗЗ во 2020 год.

posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 18.02.2020 година во просториите на хотел Гардениа, Велес, ја одржа втората седница на редовното Годишно Собрание како дел од дводневната работилница организирана со цел дискутирање, подготовка и усвојување на стратешки документи на организацијата.

Во таа насока на самата седница се дискутираше и се донесоа одлуки за усвојување на нов Статут на МАЗЗ, измена и дополнување на Правилникот за избор и отповикување на членови на Управен, Надзорен одбор и Претседател на МАЗЗ, а исто така се усвои и одлука за начинот и висината на плаќање членарина во МАЗЗ. Самата седница на Собрание се искористи за интегрирање на нова членка во МАЗЗ со што бројот на членови во организацијата се искачи до 43.

Ова Собрание беше најефикасно во однос на воведување на промени во организацијата и донесување на одлуки и широко ја оправда одлуката за организирање дводневна работилница затоа што, беа подготвени и усвоени важни стратешки документи на организацијата, а меѓу другото делегатите на Собранието ја утврдија и годишната членарина во МАЗЗ, во висина од 3500 Мкд, а исто така ја усвоија и Годишната програма за работа на МАЗЗ за 2020 година.

Првиот ден од работилницата беше организиран со претставници на Изборната комисија, Управниот и Надзорниот одбор во проширен состав на новите членови на МАЗЗ со цел запознавање со капацитетите на МАЗЗ и изнаоѓање начини за нивно учество во зајакнување на истите.

Погледнете фотографии