Македонската асоцијација на земјоделски задруги го информира своето членство дека на Вонредното Изборно Собрание одржано на 20.12.2019 година во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје поради немање на доволен број на делегати односно кворум за полноправно работење и одлучување, истото беше прекинато. За сите наредни активности на организацијата, членките на МАЗЗ ќе бидат благовремено информирани.
