Соопштение за членките на МАЗЗ за распишување на избори т.е. отпочнување на изборните процеси во организацијата

posted in: Новости | 0

Согласно член 30, став 4 од Статутот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ), и член 4, став 1 од Правилникот за избор, отповикување и разрешување на членови на Собранието, Управниот одбор, Надзорниот одбор и Претседателот на МАЗЗ, како и одлуката за свикување на вонредно Изборно Собрание донесена на редовното Годишно Собрание на МАЗЗ одржано на 29.01.2020 година, Претседателот на МАЗЗ на 18.02.2020 година, донесе Одлука за распишување на Избори во Македонската асоцијација на земјоделски задруги, закажани на 18.03.2020 година и започнување на роковите за спроведување на изборните дејствија.

Органи на МАЗЗ за кои ќе се врши избор на вонредно Изборно Собрание на МАЗЗ се:

Претседател на МАЗЗ

Членови на Управен одбор на МАЗЗ (8 члена)

Членови на Надзорен одбор на МАЗЗ (5 члена)