Граѓанските организации побараа поголем ангажман од властите за државното финансирање

posted in: Новости | 0

Претставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги беа дел од Тематски форум на Цивика мобилитас насловен: „Државното финансирање за поголема одржливост на граѓанските организации“.

Подобрувањето на системот на државно финансирање е еден од приоритетите на граѓанското општество, а според Програмата за работа на Владата на РСМ за периодот 2022-2024, приоритет е и на извршната власт во земјава. Сепак, неодамнешните реструктурирања и кратења на буџетот за граѓанските организации не ги потврдуваат заложбите на Владата за унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации.

Тематскиот форум на Цивика мобилитас обезбеди простор за дискусија помеѓу претставниците на граѓанските организации, институциите на национално или локално ниво и сите други чинители важни за решавање на прашањата кои се третираат.

Повеќе информации за дискусиите од настанот на линкот подолу: