Целта на работилницата беше организациите да се информираат за Ознаката за доверба и продобивките кои би ги имале доколку се здобијат со неа, како и да се запознаат со процесот за нејзино добивање. Покрај тоа работилницата овозможи учесниците да направат рефлексија на сопствените процедури и практики во областите релевантни за Ознаката, да ги споделат меѓусебно добрите практики и да научат едни од други. Работилницата за запознавање со Ознаката за доверба Конект ја реализира во рамките на проектот на USAID ”Партнерства за донирање.”

