Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ) заедно со Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) на 9 март 2022 година во хотел Сириус, Струмица организираа работен состанок за промоција и воспоставување на договорно производството помеѓу задругите членки на МАЗЗ и преработувачките капацитети членки на МАП. На состанокот присуствуваше и г-дин Трајан Димковски претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Активноста е дел од проектот „Поддршка на поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија“ имплементиран од страна на CARE International a финансиски поддржан од страна на Германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Целта на оваа активност е да ги подобри и зајакне врските на синџирот на снабдување со примена на моделот на договорно земјоделство. Понатаму, тоа ќе мотивира поблиски односи меѓу земјоделските задруги и преработувачите и ќе придонесе кон стабилизирање на движењето на стоките во ланецот на снабдување. Дополнително активноста ќе придонесе за поттикнување на позитивни социјални промени во земјоделскиот сектор односно да се зголеми свеста на фармерите за придобивките од економското здружување во земјоделството и да се создаде подобра идеја за содржината и формата на функционална соработка во земјоделските задруги како придонес фармерите да го разберат моделот на договорно земјоделство и воспоставување на ланци за снабдување со овошје и зеленчук.
Преку договорното производсто задругите имаат загарантиран пазар и намалени ризици околу неизвесноста на продажбата преку договорени цени, додека пак преработувачите, имаат корист со тоа што добиваат сигурна набавка на, за нив потребните, земјоделски производи кои воедно ќе ги задоволат нивните специфични потреби во смисла на квантитет, квалитет и време на испорака.



