Во склоп на посетата на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, Р. Србија, дванаесетчлена делегација на МАЗЗ на нејзино огромно задоволство имаше можност да посети две земјоделски задруги – членки на Задружниот Сојуз на Војводина.
Имено, првата задруга ЗЗ ”Бешка” претставуваше задруга од постар тип со традиционално производство (житарици) а втората земјоделска задруга ЗЗ ”Вочар” беше од понов тип за производство на овошје.
Меѓусебното запознавање на земјоделските задруги од регионот се неопходни чекори за воспоставување соработка на пазарот, што е крајна цел на задружната идеја и задругарството воопшто. МАЗЗ им благодари и на двете задруги за топлиот пречек и гостопримството и се надева дека во скоро време ќе има можност да биде домаќин на истите, презентирајќи го начинот на функционирање и делување на нашите задруги.







