Во периодот од 20-22 септември, дванаесетчлена делегација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги беше присутна на 88-от по ред Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад, Р.Србија. Иако традиционално овој саем се одржува во месец мај, оваа година поради состојбата со пандемијата КОВИД-19 беше поместен во септември. Земја партнер на овогодинешниот Новосадски саем беше Република Чешка.







