ЗЗ ”Пчелин Рај”, Струмица донираше пчелни семејства на Атиџе од Медена земја

posted in: Новости | 1

По повод 03 ти јули, Меѓународниот ден на задругите, Пчеларската Задруга ”Пчелин Рај” од Струмица – членка на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, донираше пчелни семејства на Атиџе Муратова од с. Бекирлија, Лозово. МАЗЗ искрено го поздравува овој гест на ЗЗ ”Пчелин Рај”, Струмица и ги охрабрува своите членки да практикуваат вакви позитивни примери на хуманост и солидарност односно да бидат општествено одговорни организации следејќи ги 7-те меѓународни задружни принципи!

Земјоделската задруга ”Пчелин Рај”, Струмица е формирана во септември 2019 година. Задругата брои 15 членови од кои 10 мажи и 5 жени а возраста е од 25 год. до 67 год. Основна дејност е пчеларство и главно се занимаваат со производство на природен мед и други пчелни производи, ги снабдуваат задругарите со репроматеријал со поповолни цени бидејќи набавките се на големо а исто така обезбедуваат и пласман на производите на задругарите кои заеднички настапуваат на пазарот со заеднички бренд.

Предностите на ЗЗ “Пчелин Рај”, Струмица се повеќе а најзначајните од нив се:

-Постигнување на стандардите на Европската Унија во производство и продажбата на пчелните производи,

-Набавка на репроматеријали по пониски цени,

-Заеднички настап на пазарот и постигнување на повисои цени,

-Заеднички бренд,

-Заедничка промоција и маркетинг.