Меѓународен ден на задруги 2013

posted in: Новости | 0

Во саботата на 6 јули по втор пат во Македонија беше одржан Светскиот ден на задругите под мотото „Кооперативите остануваат силни во време на криза„. На обележувањето на денот присуствуваше и заменик министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство Г-дин Зоран Коњановски кој  истакна  дека одговорот за силен, моќен земјоделец е во задругарството, во овој правец треба да се движи македонскиот аграр. Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман, повисока поддршка од државата и поголем профит, се само некои од придобивките на кооперативното здружување, воедно врачувајќи им ги решенијата на првите две земјоделски задруги регистрирани според новиот Закон за задругарство.

За претседателот на Македонската асоцијација на земјоделските задруги Менде Ивановски, земјоделската задруга е основната форма на здружување на земјоделците со цел остварување на нивните  цели.

Решенија од Министерството добија задругите Рес Груп од Ресенско која брои 20 членови и чија основна дејност е овоштарството, како и Веге Фреш од областа на градинарството со засега вкупно 24 членови. Доделувањето беше по повод  Светски ден на земјоделските задруги, 6-ти Јули.

Годинава Денот на задругите се одбележува под мотото „Задругите остануваат силни и во време на криза“.

Во Македонија моментално функционираат околу 15 задруги, но Рес Груп и Веге Фреш се првите две официјално регистрирани согласно новиот Закон.

Во Министерството за земјоделство посебно одделение ќе работи на комуникација со постоечките задруги и со земјоцлите кои сакаат да формираат задруги. Ова е дополнителна институционална поддршка покрај финансиската што ја обезбедува државата.

Погледни фото