Регионална конференција на задруги 2015

posted in: Новости | 0

Претставници на Задружните Сојузи од Македонија, Србија, Словенија, Војводина, Косово и Албанија учествуваа на регионалната конференција „Земјоделските Задруги – Придвижувачи на Промени” што во организација на Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги се одржа во Охрид од  24 до 26 февруари 2015 година.

На конференцијата свое учество имаше и Министерот за Земјоделство Шумарство и Водостопанство на Р. Македонија     г-дин Михаил Цветков кој ги претстави придобивките на задругите од помошта која ја доделува Владата на Р. Македонија преку програмите за развој на задругарството.

Конференцијата ја отвори претседателот на Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги г-дин Менде Ивановски со поздравен говор.

Погледнете фотографии