Апликативните формуларите за номинирање на кандидати за членови на Управен, Надзорен одбор и Претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, како и изјавите за согласност на кандидатот и за нечленување во извршен орган на политичка партија, може да ги превземете на следниот линк: https://drive.google.com/drive/folders/1TLjKRiOtYAKp-2sYOnfscPLp0k2ofO6v?usp=sharing
Покрај горенаведената документација, секој кандидат потребно е да приложи и:
– Уверение/потврда со која потврдува дека нема дисиплинска или кривична одговорност за дело кое го прави недостоен за вршење на функцијата (Oсновен суд)
– Уверение со која докажува дека претставува ЗЗ која има која нема неисполнети обврски по основ на даноци придонеси. (УЈП)
– Потврда со која докажува дека претставува задруга за која нема изречено прекршочна санкција и Потврда со која се докажува физичкото лице кое ја претставува задругата нема изречено прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност (ЦРМ)
Со цел да се избегнат дополнителни трошоци од страна на кандидатите, не е задолжително приложените документи од УЈП и од Основен суд да бидат оригинална верзија, односно може да се приложат и копии на оригиналните документи.
Дополнително, кандидатот треба да има активен придонес во развојот на задругарството и да претставува земјоделска задруга која има регулирано обврски по основ на членарина кон ЗМАЗЗ
Кандидатурите се испраќаат преку електронска пошта и тоа на следната адреса: mazz@mazz.mk. Рокот за поднесување на кандидатурите е заклучно со 12.02.2021 година (петок) до 16:00 часот.