Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонската асоцијација на земјоделски задруги и Задружен Сојуз на Војводина

posted in: Новости | 0

На покана на Zadružni savez Vojvodine, дванаесетчлена делегација од Македонската асоцијација на земјоделски задруги во периодот 20-22 септември беше во посета 88-от Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад, Р. Србија. Како резултат на посетата, Претседателката на МАЗЗ – госпоѓа Сузана Димитриевска и Претседателката на Задружниот сојуз на Војводина – госпоѓа Јелена Несторов Бизоњ потпишаа Меморандум за соработка во името на двете организации. Овој Меморандум е само потврда на волјата на двете страни за понатамошна соработка преку размена на искуства, вмрежување и реализација на заеднички проекти за понатамошен развој и промоција на задругарството.