Македонската асоцијација на земјоделски задруги веќе 12 години по ред, првата сабота од месец Јули, го одбележува Меѓународниот ден на задруги кој на истиот датум секоја година паралелно се одбележува во целиот свет. Оваа година се прославува 102-от Меѓународен ден на задруги. Овогодинашниот слоган објавен од Обединетите Нации гласи „Задругите градат подобра иднина за сите“ иницира задругите ширум светот да покажат како задружниот начин на работа, инспириран од задружните вредности и принципи, придонесува за остварување на целите за одржлив развој како и препознавање на значајниот придонес на задругите во глобалната економија и нивната улога во градењето на поодржлива иднина.
Во пресрет на одбележување на Меѓународниот ден на задруги, претседателот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги г-дин Менде Трајковски им го честита денот на сите членки на земјоделски задруги со желби за успешна, просперитетна и бериќетна работа!Оваа година на 6-ти Јули, Меѓународниот ден на задруги МАЗЗ ќе го одбележи во х.Сириус, Струмица со почеток од 12 часот.