Почина Радислав Јованов – Претседател на Задружниот Сојуз на Војводина

posted in: Новости | 0

Со голема тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот драг колега г-дин Радислав Јованов – Претседател на Задружниот Сојуз на Војводина. Заминувањето од овој свет на човек со таков интелектуален капацитет, висок професионалец во сферата на задругарството во која даде свој максимален придонес, човек во полна смисла на зборот е тажна и болна загуба за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него, меѓутоа е и огромна загуба за нашето задружно општество.

Со неговата прерана смрт целиот регион изгуби вистински борец за правата на земјоделските задруги а ние изгубивме ценет колега, мудар советник но пред се личен пријател. Нека почива во мир, Вечна му слава!