Одржана седница на редовно Годишно Собрание на МАЗЗ

posted in: Новости | 0

На 19.04.2024 во хотел Гардениа, Велес, се одржа седница на редовно Годишно Собрание на Македонската асоцијација на земјоделски задруги. На седницата на Собрание, присутните делегати ги усвоија: Годишниот наративен извештај на МАЗЗ за 2023 година, Годишниот финансиски извештај на МАЗЗ за 2023 година и Годишниот план на активности на МАЗЗ за 2024 година. Дополнително се изврши и официјален прием на новите членки во МАЗЗ и се верификуваа нивните мандати како членови/делегати на Собранието.