Македонската асоцијација на земјоделски задруги ги информира земјоделските задруги дека имаат можност за искажување на интерес и аплицирање за сертифицирање со Глобал Гап стандардот. Критериуми кои земјоделската задруга треба да ги поседува за да може да аплицира се следните:
– Да има активен придонес во развојот на задругарството,
– Да претставува ЗЗ која има регулирано обврски по основ на членарина кон МАЗЗ,
– Да претставува ЗЗ која има редовна исплата на плати во последната деловна година,
– Да претставува задруга која нема несиполнети обврски по основ на даноци придонеси,
– Да нема изречено дисиплинска или кривична одговорност на име на задругата.
Рокот за искажување на интерес трае до 28.05.2021 година (петок)
Активноста ќе биде реализирана со финансиска и техничка поддршка во рамките на ЕУ Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ спроведуван од CARE Германија е.В. и Македонската развојна фондација за претпријатија.
