На покана на Задружните сојузи на Војводина и Р. Србија во периодот од 25-ти до 27-ми ноември делегација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги беше во официјална посета на 15-тото издание на саемот за Етно храна и пијалоци во Белград, Р. Србија.
На саемот преку 300 производители имаа можност да ги изложат своите автентични домашни прехранбени производи. Под мотото „Воспоставување бренд за етно производ“, имаше цел да помогне во презентирањето и дефинирањето на традиционалните прехранбени производи, подобрување на презентацијата и продажбата, заштита на географското потекло и рецепти и поширока примена на овие производи во рестораните и хотелите и секојдневната исхрана.
Етно саемот за храна и пијалаци во последните 14 години има одиграно значајна улога во брендирањето, промовирањето и маркетингот на лесковачкиот ајвар, качарскиот мед, хомољскиот мед, крекерите од тутун, футошката зелка, пиротските пеглани колбаси, вурда, баница, вртка, разни џемови, слатки, кисела зима, специјалитети од сувомеснати производи, млечни производи, сирења, мед, мешавини од чај, сушено овошје, пекарски производи, вино и ракија, од кои многу станаа извозни производи. Посебен аспект на настанот имаше промоцијата на органска храна, пијалоци и вода како и опрема и пакување за производство и складирање на овие производи.











