Во периодот од 27 до 30 јули, претставници на земјоделски задруги – членки на Македонската асоцијација на земјоделски задруги беа дел од студиската посета во Р. Грција, во организација на ЕУ Проект: Поддршка за развој на земјоделски задруги, имлементиран од CARE International Balkans и Македонската развојна фондација за претпријатија, финансирана од страна на Европската Унија.
Како дел од студиското патување, членките на МАЗЗ имаа можност да посетат неколку поголеми задруги од регионот Иматиа и една задруга од Кавала. Дополнително, се остварија средби и со Асоцијација на преработувачи и со Асоцијацијата на земјоделски задруги од регионот Иматиа. Ова беше одлична можност за реплицирање на позитивни практики и искуства од успешни земјоделски задруги во Р. Грција се со цел подобрување на стручните знаења и информации во земјоделскиот сектор, како и подобрување на конкурентноста и рентабилноста на земјоделските задруги во Р. Северна Македонија.
Им благодариме за топлиот дочек и гостопримството на сите задруги кои ги посетивме и сигурни сме дека во иднина споделувајќи ги истите вредности и цели на следење на развојот на земјоделскиот сектор ќе одржуваме партнерски односи и ќе ја продлабочуваме соработката која што ја воспоставивме, ќе негуваме трајни и заемно наградувачки односи заради зедничка промоција и развој на земјоделството и задругарството во двете држави.













