Секоја земјоделска задруга што го прифаќа Статутот, целите и задачите на МАЗЗ може да биде член на МАЗЗ.
Статусот членови на МАЗЗ на рамноправна основа го имаат земјоделските задруги кои ја основале МАЗЗ и сите други земјоделски задруги кои пристапуваат кон Асоцијацијата под услови и на начин уреден со Статутот на МАЗЗ. Членовите на МАЗЗ се рамноправни и еднакви во остварувањето на правата и обврските а МАЗЗ ја почитува нивната автономија и самостојност.
Претставниците на земјоделските задруги можат да бидат бирани и можат да бираат претставници во телата на асоцијацијата.
Незадружни организации и други правни и физички лица кои имаат интерес можат да стекнат статус на придружни членови на Асоцијацијата.
Незадружните организации не можат да ја остваруваат функцијата на Управување во Асоцијацијата.
Управниот одбор со посебен акт ги утврдува условите на стекнување на статусот на придружен член и видот и содржината на остварувањето на тој статус, како и висината на членарината која треба да ја плаќаат за остварување на функцијата на МАЗЗ.
Лицата со ограничена деловна одговорност или лицата на кои им е одземена деловната способност можат да бидат членови на МАЗЗ со давање на потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување во согласност со закон.
За стапување во членство, заинтерисираните треба да поднесат барање по што нивното барање ќе се разгледа од Управниот одбор на МАЗЗ, а стапување во членство е со потпишување на пристапница одобрена од Управниот одбор на МАЗЗ.
Членовите на МАЗЗ и придружните членови плаќаат годишна членарина. Членовите на МАЗЗ и придружните членови плаќаат годишна членарина во висина од 3.500 Мкд.
Во моментот членови на МАЗЗ се претставници на земјоделски задруги од сите 8 плански региони во Р. Северна Македонија од различни сектори. Членувањето во МАЗЗ е на доброволна основа и во неа може да членуваат претставници на задруги, независно од половите, политичките, националните или верските разлики помеѓу нив. Врз основа на утврдени правила, членовите плаќаат членарина, а во исто време тие имаат и контрола и одлучуваат за начинот на функционирање на организацијата. Во функција на индивидуалниот и заедничкиот развој, МАЗЗ воспоставува систем на континуирана и навремена размена на информации, образование и практична обука на членовите. Асоцијацијата овозможува и поттикнува поблиска и поголема соработка помеѓу членовите на другите задруги. Преку задоволување на потребите на членовите, МАЗЗ придонесува и за развој на заедниците во кои функционираат. Во моментот МАЗЗ како единствена чадор организација во Р. Северна Македонија во која членуваат претставници на 48 регистрирани земјоделски задруги од сите региони и сектори, претставува основен двигател и носител на напредокот на земјоделството и руралните средини. Преку задоволување на потребите на членовите, МАЗЗ придонесува и за развој на заедниците во кои функционираат задругите.