Членки на Македонската асоцијација на земјоделски задруги беа дел од второто издание на „Slow Food салон 2022“ со назив Храната е идентитет кое се одржа на 29-ти октомври во хотел Лимак во Скопје. Целта на настанот беше сите мали производители вклучително и земјоделските задруги да ги изложат, презентираат и продаваат свои производи се со цел да се запознаат потрошувачите со локалните (традиционални) производи како и да се едуцираат новите генерации за храната со идентитет!









