Покана за присуство на Slow Food салон 2022

posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги ќе биде дел од второто издание на „Slow Food салон 2022“ со назив Храната е идентитет кое ќе се одржи на 29-ти октомври во хотел Лимак во Скопје со почеток од 12 часот. Целта на настанот е сите мали производители вклучително и земјоделските задруги да имаат можност да ги изложат, презентираат и продаваат свои производи се со цел да се запознаат потрошувачите со локалните производи и да се едуцираат новите генерации за  храната со идентитет!

МАЗЗ го поддржува и се придружува кон мотото на Slow Food Македонија дека храната, особено традиционалната е дел од историјата и културата, и дека таа претставува автентично обележје на локалната заедница, веродостоен одраз на поднебјето, биолошката разновидност, знаењето, традицијата и одржливоста. Таа го презентира локалниот идентитет кој треба да се надоградува, негува и чува.

Влезниците за салонот се пуштени во онлајн продажба и истите можат да се набават на следниот линк:  а за време на настанот ќе видат достапни и на влез во салата.

#SlowFoodSalon2022#Биодиверзитет #Традиција#МАЗЗпроизводи#Земјоделски задруги