На 28-ми и 29-ти април април 2022 година, во хотел Цар Самуил, Струмица претставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги присуствуваа на обука за управување со ризиците при производство на храна и руралниот развој со посебен осврт на влијанието на климатските промени во земјоделството како еден од најтешките предизвици со кои се соочуваме во 21 век.
На обуката се водеа дискусии за тоа дека земјоделството е многу силно изложено на влијанието на климатските промени, пред се поради фактот дека земјоделските активности се изведуваат на отворено и директно зависат од климатските услови. Подолго време се мислело дека земјоделците сами можат да се справат со климатските промени, дека имаат искуство и знаење како да произведуваат и во влажна и во сушна година, произведувале и при пониски и повисоки просечни температури. Но за жал, проблемот станува се поголем. Поголем од тоа со што земјоделските производители умеат да се справат, повеќе од тоа со што можат финансиски да се носат. А производството на храна е стратешки интерес, можеби најзначаен од сите. Храната мора да ја има во доволни количини, да биде евтина и да исполнува низа стандарди за квалитет и безбедност.
Како заклучок од обуката беше тоа дека земјоделскиот сектор, кој во моментов е најверојатно најизложен на негативното влијание на климатските промени, има повеќекратна улога и пристапот кон мерките за ублажување и мерките на адаптација на секторот треба да биде многу похрабар и поефикасен, не само за да се намалат негативните ефекти, туку и да се искористи неговиот силен потенцијал за намалување на проблемот


































