Врз основа на чл. 19 ст. 1 и 2 од Статутот на Македонската асоцијација на земјоделските задруги на 20.04.2022 година (среда) во хотел Гардениа, Велес се одржа седница на Редовно Годишно Собрание на МАЗЗ. Седницата свечено со поздравен говор ја отвори претседателката на МАЗЗ г-ѓа Сузана Димитриевска која меѓу другото даде осврт на реализираните активности во склоп на организацијата изминатата година но посочи и на предизвиците кои не очекуваат во наредниот период. Седницата на Собрание се одвиваше во демократска атмосфера со конструктивни дискусии и предлози помеѓу присутните делегати. Усвоени точки на Дневен на ред на седницата беа следните:
| Годишен наративен извештај на МАЗЗ за 2021 година, |
| Финансиски извештај на МАЗЗ за 2021 година, |
| План на активности на МАЗЗ за 2022 година, |
| Стратешки план на МАЗЗ 2021-2026, |
| Каталог на услуги на МАЗЗ. |












