Производствoто на јагнешко месо со заштитено географско потекло би ја зголемила ефикасност во производството и би овозможило поефикасен маркетинг

posted in: Новости | 0

Здружението на одгледувачи на домашна автохтона раса овци „Праменка Овчеполка“ Скопје, во соработка со земјоделската задруга ”Еко Овчеполка”, на 14.04.2022 година во Градскиот Трговски Центар, Скопје го организираше настанот ПАЗАРНО ИСТРАЖУВАЊЕ – дегустација на јагнешко месо од МАКЕДОНСКАТА АВТОХТОНА РАСА НА ОВЦИ ПРАМЕНКА ОВЧЕПОЛКА. Целта на оваа активност беше:

  • Зачувување на агроеколошките карактеристики, одржување на природната средина и диверзификацијата со воведен систем на органско производство и традиционални методи на одгледување и заштитени ознаки на производите: јагнешко месо, традиционално органско овчо сирење и традиционален органски овчи кашкавал;
  • Зголемен приход за одгледувачите на оваа автохтона раса на овци, преку однапред определени целни пазари;
  • Зголемување на имиџот на традиционалниот начин на производство на јагнешко месо и промоција на македонскиотбренд „Македонско јагнешко од Праменка Овчеполка“ како предуслов за развој на фармски туризам а со тоа и развој на македонските  села; Стандардизиран и безбеден производ, со кој се подобрува квалитетот на живот на потрошувачите;
  • Зголемен интерес за одгледување на оваа автохтона  раса на овци, која се одгледува исклучиво во РСМ, предизвик и обврска за заштита на домашните животни;
  • Зголемување на имиџот на традиционалниот начин на производство на јагнешко месо и промоција на македонскиот бренд „Македонско јагнешко од Праменка Овчеполка“ како предуслов за развој на фармски туризам а со тоа и развој на македонските  села.  

Активноста е дел од проектот ”Поддршка за поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија” имплементиран од страна на CARE International а финансиски поддржан од страна на Државната канцеларија на Германската покраина Северна Рајна Вестфалија.