Остварена работна средба помеѓу МАЗЗ и претставници на земјоделски задруги од Преспанскиот регион

posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 20.01.2022 година оствари работна средба на која присуствуваа претставници од ЗЗ Крани, ЗЗ Здраво и свежо, ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче, ЗЗ Бест оф Преспа и ЗЗ Аппле Фреш. На средбата се дискутираше за предизвиците со пласманот на конзумното и индустриското јаболко со кои се соочуваат земјоделските задруги од Преспанскиот регион и се разгледаа неколку интересни можности за соработки и иницијативи, како што се стандардизацијата и заедничкиот пристап до нови пазари на кои здружено ќе се работи во иднина .