Во склоп на студиската посета во Р. Грција во организација на ЕУ Проект: Поддршка за развој на земјоделски задруги, имлементиран од CARE International Balkans и Македонската развојна фондација за претпријатија, а финансиран од страна на Европската Унија, на 29 јули во Вериа се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Македонската асоцијација на земјоделски задруги и Асоцијацијата на земјоделски задруги од Иматиа.
Претседателите на двете организации Г-ѓа Сузана Димитриевска и Г-дин Христос Јанакакис се обврзаа да соработуваат во реализирање на заеднички проекти од областа на земјоделството и руралниот развој, заеднички да ги идентификуваат потребите од едукација и тренинг во земјоделскиот сектор и да соработуваат во нивната реализација како и заеднички да го промовираат воведувањето на нови технологии на производството и примена на стандарди во земјоделството со кои ќе се олесни и модернизира работата на фармерите во двете земји.
Пренесуваме дел од атмосферата во Вериа за време на потпишување на Меморандумот за соработка.



