Верскиот празник Крстовден синоним за почеток на бербата на јаболка во Преспа

објавено во: Новости | 0

Со симболично откинување на првото јаболко во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ денеска официјално почнува годинашната берба на преспанското јаболко. Традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ се одржува од 25 до 27 септември во Ресен. Започнувајќи од денес во следните 30-тина дена, Преспанци и буквално се преселуваат во своите јаболкови насади, вредно прибирајќи го овогодишниот род.

Традиционалниот, 21-ви „Преспански јаболкобер“ започна во саботата со фудбалски турнир на јуниорски групи, а вчера и денес е предвидена богата културно-забавна програма.

Македонската асоцијација на земјоделски задруги им посакува на своите членови и на сите останати јаболкопроизводители успешен старт на сезоната и Среќна и бериќетна берба на јаболка!