Соопштение за членките на ЗМАЗЗ

објавено во: Новости | 0

Согласно член 19, став 3 од Статутот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги (ЗМАЗЗ), и член 7 од Деловникот за работа Собрание на ЗМАЗЗ, Претседателот на ЗМАЗЗ на барање на Иницијативниот одбор составен од 1/3 од членките на ЗМАЗЗ на 04.02.2021 година, донесе Одлука за свикување на вонредно Изборно Собрание на ЗМАЗЗ на 19.02.2021 година (петок) во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје со почеток од 10:30 часот.

Органи на ЗМАЗЗ за кои ќе се врши избор на вонредно Изборно Собрание на ЗМАЗЗ се:

  1. Членови на Управен одбор и Претседател на ЗМАЗЗ (9 члена)
  2. Членови на Надзорен одбор на ЗМАЗЗ (5 члена)