Соопштение за членките на Македонската асоцијација на земјоделски задруги

објавено во: Новости | 0

Согласно член 42 од Статутот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги (ЗМАЗЗ) и член 4, став 3 од Правилникот за избор и отповикување на членови на Собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и Претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, на редовното Годишно Собрание на ЗМАЗЗ одржано на 21.10.2020 година во Скопје, делегатите на Собранието донесоа Одлука за свикување на вонредно Изборно Собрание на ЗМАЗЗ со датум на одржување на 20.11.2020 година во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје.

Следствено на горенаведеното Потпретседателот на ЗМАЗЗ ги распиша изборите на 22.10.2020 година а со тоа започнаа да течат и роковите за спроведување на изборните дејствија.

Органи на МАЗЗ за кои ќе се врши избор на вонредно Изборно Собрание на МАЗЗ се:

1. Членови на Управен одбор и Претседател на ЗМАЗЗ (9 члена);

2. Членови на Надзорен одбор на ЗМАЗЗ (5 члена).