Успешно завршен ”Тренинг на тренери за подготовка и анализа на бизнис план” за вработените лица во МАЗЗ

објавено во: Новости | 0

Во периодот од 7-9 и 14-16 јули во Охрид и Берово, извршниот тим на МАЗЗ заедно со претставници на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ги зголемија своите знаење преку успешно реализирана обука ‘‘Тренинг на тренери за подготовка и анализа на бизнис план”. Активноста е дел од проектот ”Поддршка за развој на земјоделски задруги” имплементиран од CARE International Balkans и Македонската развојна фондација за претпријатија а финансиран од страна на Европската Унија. На тренингот присутните учесници имаа можност да се запознаат со Маркетинг план – потреба и побарувачка на пазарот, трендови, конкуренција, позиционирање, начин на продажба, проектирање на прометот, истражување на пазарот, начини, извори на податоци, анализа на бизнис план, критериуми, извори на финансирање, методи на утврдување на цени, праг на рентабилност и сл.