Претставници на МАЗЗ присутни на шестата дебата посветена на земјоделството во Резиденцијата на Европската Унија

објавено во: Новости | 0

Претседателката на Македонската асоцијација на земјоделски задруги г-ѓа Сузана Димитревска, заедно со двајца претставници на земјоделски задруги – членки на МАЗЗ, г-дин Ѓорѓи Андонов од зз Пчелин Рај, Струмица и г-дин Мукрем Мехмеди од зз Рекански Фармер, Маврово Ростуше беа дел од шестата и последна дебата пред затворањето на изложбата „Розови тигри и златни гуштери и што уште не„ во Резиденцијата на Европската Унија во Р. Северна Македонија која беше посветена на земјоделството и неговото влијание врз економијата, животната средина и достапноста на храна.

На дебатата присутните учесници имаа можност да дискутираат за тоа дали постојат можности за урбано земјоделство со оглед на растечкиот интерес за локално одгледани производи, колку млади семејства ги напуштаат градовите и дали младите луѓе се се’ повеќе оттргнати од земјоделството и што треба да се направи за да се заштитат традиционалните и локално произведените производи.