Претставници на МАЗЗ присутни на настанот„Зелена агенда-Обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари”

објавено во: Новости | 0

На покана на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бојан Маричиќ, претставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги беа присутни на вториот од серијата настани посветени на годишниот Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности”. Вториот настан „Зелена агенда-Обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари”, се одржа на 17 ноември (четврток), во хотел Лимак во Скопје.

Претседателката на МАЗЗ г-ѓа Сузана Димитриевска посебно ја акцентираше потребата за поголема поддршка на организираните форми на делување во земјоделството т.е здружувањето на фармерите во земјоделски задруги како и создавање услови за одржливо земјоделство преку подигање на квалитетот на македонските земјоделски производи, заштита на животната средина, безбедност на храната и органски пристап на производство односно да се креира конкурентност и додадена вредност на земјоделските производи со што ќе се обезбеди достоинствен живот за фармерите и развој на руралните средини.