Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонската асоцијација на земјоделски задруги и Задружен сојуз на Јужна Србија

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги во склоп на овогодинешната манифестација Органска Трпеза во Куманово потпиша Меморандум за соработка со Задружниот сојуз на Јужна Србија. Овој Меморандум за соработка, ќе биде спроведен на начин што ќе обезбеди, поттикнување, развивање и обезбедување на сите облици на соработка помеѓу двете организации, како и зголемување на потенцијалите за промоција, поттикнување и развој на сите форми на соработка помеѓу земјоделските задруги, поддршка за реализација на заеднички проекти и заедничко планирање и организирање на настани за соработка меѓу двете земји.

Меморандумот за соработка во име на Претседателката на МАЗЗ, Г-ѓа Сузана Димитриевска беше потпишан од страна на Генералниот секретар на МАЗЗ, Г-дин Мартин Мицевски.