Покана за присуство на настан „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги ќе биде од големиот настан „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствокој ќе се одржи на 12.11.2022 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, на просторот пред езерцето, во Градски парк Скопје. Станува збор за прв саем со ваков обем, на кој ќе се претстават голем број на производители, земјоделски задруги и локални здруженија, кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.

Македонската асоцијација на земјоделски задруги на саемот ќе учествува заедно со своите членки – земјоделски задруги од различни региони и сектори кои ќе имаат можност да ги претстават своите земјоделски производи вклучително и нивните прераработки како неизоставен дел од македонската традиционална гастрономија.