Остварена средба помеѓу претставници на МАЗЗ и АФПЗРР

објавено во: Новости | 0

Делегација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги предводена од Претседателката г-ѓа Сузана Димитриевска оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, г-дин Никица Бачовски. На средбата се дискутираше за одредени прашања кои ги засегаат земјоделските задруги, а се во доменот на функционирање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Средбата беше многу конструктивна и на неа се разгледаа и неколку предлози на МАЗЗ кои би можеле да бидат од полза за подобра севкупна организираност на системот во однос на редовна и навремена исплата на мерките за поддршка на земјоделските задруги. МАЗЗ продолжува со активностите за лобирање и застапување на интересите на своите членови и како таква останува единствена и најголема чадор организација на земјоделските задруги во државата.