Остварена работна средба помеѓу претставници на ЗМАЗЗ и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

објавено во: Новости | 0

Ппретставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги остварија работна средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство господинот Арјанит Хоџа, во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. На средбата која помина во одлична работна атмосфера претставниците на ЗМАЗЗ го запознаа Министерот со дел од проблемите со кои се соочуваат задругарите, но исто така го запознаа и со последните активности во Асоцијацијата. Дополнително на средбата а беа договорени и голем број на заеднички активности со цел промоција и развој на задругарството.