Одржани две онлајн работилници за европски стратегии и инцијативи за е-земјоделство

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги во периодот од 28-29 декември успешно реализираше две онлајн работилници на тема дигитални системи и технологии во земјоделството и европски стратегии и иницијативи за е-земјоделство. Целта на оваа активност е да обезбеди специјализирана обука за членките на MAЗЗ, односно да се обучат минимум 15 млади лица (управители или членки на земјоделски задруги) кои ќе го зголемат нивото на стекнати и применети знаења во секојдневното работење за многубројните предизвици и обврските што произлегуваат во процесот на европската интеграција (либерализација на трговијата, спроведување на нови или изменети закони во земјоделството, исполнување на стандарди во земјоделството, ЗЗП) како и за ракување со дронови во земјоделството, користење на сателитска навигација во земјоделството, презицно земјоделство. И двете активности се предвидени во Годишниот план за работа на организацијата кој е поддржан од Цивика мобилитас.