Одржана работилница за важноста на загадувањето од пестициди во земјоделството

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 17 јуни во хотел Сириус, Струмица одржа работилница на тема: Важноста на загадувањето од пестициди во земјоделството и заштита на животната средина. Целта на обуката беше претставниците на земјоделски задруги од регионот – членки на МАЗЗ да се запознаат подетално со хемиските средства за заштита на растенијата и правилен избор и употреба на пестициди, начините на манипулација со остатокот од средствата за заштита и хигиенски постапки при процесот на ракување со пестициди со посебен осврт на заштита на животната средина како и увид на други (нехемиски методи) за заштита на растенија со посебен осврт на еко (органско) производство. Обуката за „Важноста на загадувањето од пестициди во земјоделството и заштита на животната средина“ е активност која се реализира во рамките на Институционалниот грант на МАЗЗ и истиот е дел од активностите предвидени во Годишниот план за работа на организацијата кој е поддржан од Цивика мобилитас програмата.