Одржана работилница за промоција и воспоставување на договорно производство во Струмица

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ) заедно со Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) организираа работилница за промоција и воспоставување на договорно производството помеѓу задругите членки на МАЗЗ и преработувачките капацитети членки на МАП. Активноста е дел од проектот Јакнење на вредносните синџири во овоштарството и раноградинарството преку воспоставување на договорно производство, финансиски поддржано од Increasing Market Employability – IME. #CHinMK#IncreasingMarketEmployability#AgriculturalCooperatives#MAZZ#MAP#ContractFarming#FruitsAndVegetables

Главната цел на овој проект е да ги подобри и зајакне врските на синџирот на снабдување со примена на моделот на договорно земјоделство. Понатаму, тоа ќе мотивира поблиски односи меѓу земјоделските задруги и преработувачите и ќе придонесе кон стабилизирање на движењето на стоките во ланецот на снабдување. Дополнително проектот ќе придонесе за поттикнување на позитивни социјални промени во земјоделскиот сектор односно да се зголеми свеста на фармерите за придобивките од економското здружување во земјодлеството и да се создаде подобра идеја за содржината и формата на функционална соработка во земјоделските задруги како придонес фармерите да го разберат моделот на договорно земјоделство и воспоставување на ланци за снабдување со овошје и зеленчук.