Одржана работилница за промоција и воспоставување на договорно производство во Ресен

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ) заедно со Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) ја организираа втората работилница за промоција и воспоставување на договорно производството помеѓу задругите членки на МАЗЗ и преработувачките капацитети членки на МАП. Работилницата се одржа во Општинската сала во Ресен а на неа беа присутни земјоделски задруги со основна дејност -производство на јаболка и преработувачки капацитети за производство на чипс од јаболка, јаболков сок и пире како и замрзнати производи од јаболка. Активноста е дел од проектот Јакнење на вредносните синџири во овоштарството и раноградинарството преку воспоставување на договорно производство, во рамките на Increasing Market Employability – IME програмата, финансиски поддржана од SDC (Швајцарската Агенција за развој и соработка).

Преку договорното производсто задругите имаат загарантиран пазар и намалени ризици околу неизвесноста на продажбата преку договорени цени, додека пак преработувачите, имаат корист со тоа што добиваат сигурна набавка на, за нив потребните, земјоделски производи кои воедно ќе ги задоволат нивните специфични потреби во смисла на квантитет, квалитет и време на испорака.