Одржана работилница за мотивација и поттикнување на женско ”задругарство” во МАЗЗ

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 22 и 23 декември во хотел Гардениа, Велес одржа дводневна работилница за поттикнување и мотивација на женско задругарство во МАЗЗ како и подготовка на  стратегија за вмрежување со “женски” организации кои работат во сектор земјоделство. Целта на оваа активност е да обезбеди специјализирана обука за членките на MAЗЗ, односно претставнички од земјоделски задруги што би резултирало со зголемено учество на жените членки и управители на земјоделски задруги при МАЗЗ во процесот на креирање и донесување на одлуки внатре во организацијата. Работилницата за поттикнување и мотивација на женско задругарство во МАЗЗ е активност имплементирана во рамките на Институционалниот грант на МАЗЗ и истиот е дел од активностите предвидени во Годишниот план за работа на организацијата кој е поддржан од Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.