Одржана првата седница на новиот Управен одбор на МАЗЗ во Велес

објавено во: Новости | 0

Управниот одбор на Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 24.07.2020 година (петок) во хотел Гардениа, Велес ја одржа својата прва седница на која присуствуваа  8 од вкупно 9 члена на УО. Седницата на Управниот одбор ја водеше Претседателот на МАЗЗ, г-дин Менде Ивановски.

На состанокот се отворија дискусии за повеќе предложени точки на Дневен ред а меѓудругото и се донесоа одлуки за прием на 1 нова членка во МАЗЗ,  одлука за избор на Претседатели и нивни заменици на одбори во МАЗЗ, се усвои заклучокот за изготвување на пречистен текст на Статутот на МАЗЗ и Правилникот за избори и отповикување на органите и телата на МАЗЗ како и одлука за формирање на работна група за изработка на Деловник за работа на Управниот одбор на МАЗЗ. Исто така, Управниот одбор на МАЗЗ донесе одлука за распишување на оглас за избор на проектен координатор, асистент и лице одговорно за финансии предвидени за ангажирање на Институционалниот грант на МАЗЗ од Цивика Мобилитас. Дополнително на самиот состанок се отворија и дискусии за исполнување на одредбите од Статутот за членство и исклучување од членство во МАЗЗ како и дискусија за иницијатива за стручно-деловно и интересно поврзување со други асоцијации во земјоделскиот сектор;