Одржана обука за промоција и пласман на производи за земјоделски задруги-членки на МАЗЗ

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 16 јули во Трница, Маврово-Ростуше, одржа обука за промоција и пласман на производи, синџир на набавки и маркетинг во земјоделските задруги. Целта на оваа активност беше обезбедување на специјализирана обука за членовите на MAЗЗ, односно претставници од земјоделски задруги каде учесниците, врз основа на нивниот специфичен интерес и потреби, имаа можност да стекнат знаење и информации за промоција и пласман на производи, синџир на набавки и маркетинг. Обуката придонесе и за утврдување на разликите помеѓу маркетинг и брендинг како и за визуелниот идентитет на земјоделските задруги и нивното пазарно позиционирање. Делот на маркетинг беше насочен како земјоделските задруги да развиваат сопствени маркетинг стратегии каде посебен акцент беше ставен на дигиталниот маркетинг.

Реализираната обука придонесе членките на МАЗЗ да се стекнат со компетенции за ефективно привлекување на нови потрошувачи, одржување на врската со веќе постоечките потрошувачи и нивно поттикнување на профитабилни акции.

Обуката за промоција и пласман на производи, синџир на набавки и маркетинг во земјоделски задруги се реализираше во рамките на Институционалниот грант на МАЗЗ како дел од активностите предвидени во Годишниот план за работа на организацијата кој е поддржан од Цивика мобилитас.